„Ејпл“ и Формула 1 потпишаа договор вреден 700 милиони долари!

Компанијата „Ејпл“ ги купи правата за пренос на трките во Формула 1 во САД, а вредноста на договорот надминува 700 милиони долари.

Договорот помеѓу технолошкиот гигант и „Ејпл“ ќе стапи на сила од сезоната 2026 и од тој момент трките во САД ќе бидат достапни исклучиво преку „Ејпл ТВ“ платфрмата. Според информациите, компанијата ќе плаќа сума од околу 140 милиони долари годишно, а соработката ќе има важност пет години.

Овој договор доаѓа по успехот на филмот од продукцијата на „Ејпл“ посветен на Формула 1 кој премиерно беше прикажан во јуни 2025 година и до сега заработи 630 милони долари.