Директорот на Интер откри кого следеле: Каков Нејмар, тоа се глупости!

Во медиумите се појави информација дека Нејмар би можел да го засили Интер, а набрзо се огласи и спортскиот директор на клубот, Пјеро Аусилио кој остро ги демантираше таквите информации.

Нејмар веќе еден месец се мачи со повреда и до крајот на овој месец сигурно нема да се врати на терените.

„Нејмар во Интер? Тоа се апсолутни глупости! Никогаш не сме разговарале на таа тема, ниту сме испратиле понуда. Се обидовме со Лукман, но дојде напредокот на Еспозито и Бони. Го следевме и Хојлунд. Гасперини е голем тренер“, изјави Аусилио во интервју за „Кориере дело Спорт“.

Откри во разаговорт, Аусилио и дека летово имал понуда и од Ал Хилал каде што се пресели тренерот Симоне Инзаги.

Фото: Santos FC/FB