Модриќ го прифатил повикот од Перез - ќе добие важна улога во Реал Мадрид!?

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ игра одлично во дресот на Милан, меѓутоа веќе размислува за следните чекори по завршување на кариерата.

„Дефенса Сентрал“ објави дека Модриќ го прифатил повикот од првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез и планира да се врати во шпанскиот гигант.

Модриќ во моментов останува фокусиран максимално на неговата задача кај „росонерите“, а потоа ќе добие важна улога кај „кралевите“.

Хрватот по завршување на кариерата ќе паузира една година надвор од фудбалските терени, а потоа ќе преземе една од младинските категории на Реал Мадрид.

Фото: Facebook/AC Milan