Магдебург го реши Пик Сегед за „пет од пет“, Алборг подобар од Динамо Букурешт

Ракометарите на Магдебург ја остварија петтата победа во Лигата на шампиони (ЛШ), откако вечерва го надиграа Пик Сегед со 34-30, додека Алборг беше подобар од Динамо Букурешт со 34-27.

Германскиот гигант се соочи со мал отпор од Пик Сегед на почетокот на мечот (4-4), но потоа ја презема контролата и градеше предност како минуваше времето за на крајот да стигне до 18-15 на полувреме.

Магдебург имаше мала криза на стартот на вториот дел, кога домаќинот намали на еден гол негатива (18-19), но потоа со одлична игра стигна до заслужена победа од 34-30.

Најефикасен во победата на Магдебург беше Оскар Бергендал со седум голови, додека Марио Шоштариќ запиша осум погодоци за Пик Сегед.

Алборг беше одличен во дуелот со најлошата екипа во групата А и на крајот триумфира со 34-28 за четврта победа во елитното ракометно натпреварување.

Победа оствари и Висла Плок во дербито против ПСЖ, иако францускиот тим имаше предност на полувреме од 16-13, но потоа полската екипа успеа да го сврти резултатот во своја корист и да слави со 35-32.

Фото: Facebook/SC Magdeburg