Соседите го тужат Винисиус поради роденденска забава!

Фудбалерот на Реал Мадрид повторно се соочува со сериозни проблеми откако соседите го тужеле затоа што предизвикал голема врева на прославата на неговиот роденден во Рио Де Жанеиро.

Првото рочиште е закажано за 6 декември, а случајот го води посебен казнен суд во Бразил, кој е надлежен за помали казнени дела.

Забавата траела од 19 јули до раните утрински часови на 21 јули на луксузен имот наменет за големи случувања, но тоа ги вознемирило соседите кои бараат правда на суд.

Бразилскиот закон предвидува парична казна или затворска казна во период од 15 денови за ваков прекршок.