Мареска за бурната прослава против Ливерпул доби - суспензија и парична казна!

Челси во драматична завршница го нокаутра англискиот шампион Ливерпул со 2-1 на „Стемфорд Бриџ“, а посебно емотивна прослава имаше тренерот Енцо Мареска.

Мареска беше исклучен по прославата со неговите фудбалери, а денеска беше одлучено дека Италијанецот ќе го пропушти следниот натпревар и ќе плати казна од 8.000 фунти.

„Сините“ во следното коло во Премиер лигата играат против Нотингем Форест в сабота од 13.30 часот.