
Шпанците плачат: Цените на билетите за првото Ел Класико сезонава се – астрономски!
Најевтините билети се во четвртиот амфитеатар, додека најскапите, со најдобра позиција за гледање, достигнуваат дури 465 евра. За ВИП местата, цените почнуваат од 990 евра, што претставува нов рекорд на клубот во последните години. Овие износи се значително повисоки во споредба со неодамнешниот пријателски натпревар против Јувентус, кога билетите започнуваа од 75 евра, а ВИП седиштата од 440 евра. Дури и местата во долниот и горниот дел на трибините за „Ел Класико“ чинат околу 405 евра, додека оние со подобар поглед од централниот дел се по 325 евра.
Продажбата ќе се одвива во неколку фази. Членовите на клубот без сезонски билети ќе добијат 20-отсто попуст, но дури и со тоа, најевтиниот билет за членови ќе изнесува 108 евра, што значи дека љубителите на фудбалот ќе плаќаат повеќе од едно евро за секоја минута од спектаклот. Интересот не е изненадување – ова е првиот „Ел Класико“ сезонава, натпревар што традиционално привлекува глобално внимание и ќе се игра пред 80.000 гледачи во ново реновираниот „Бернабеу“.