Винисиус јавно ја моли девојката да му се врати - испраќал голи фотографии на манекенка!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисус Жуниор кој во овој момент е со репрезентацијата на Бразил, се огласи преку Инстаграм и испрати јавно извинување до познатата инфлуенсеерка и ТВ водителка Вирџинија Фонсека со која беше во врска.

Фонсека во изминатиот период престојуваше во Мадрид и беше присутна на трибините на „Сантијаго Бернабеу“, но подоцна дошло до крај на нивната дружба.

Причина за прекинувањето на врската било тоа што Винисиус преку социјалните мрежи побарал од манекенката Ана Силва да му испрати експлицитни снимки, откако претходно и самиот испраќал таква содржина.

На својот Инстаграм профил Винисиус ја призна грешката и побара од Фонсека да му прости.

„Сите поминуваме низ моменти кои не тераат да размислуваме и да растеме. Неодамна доживеав ситуација која ме натера да сфатам дека сум имал постапки кои не ја претставуваат личноста каква што сакам да бидам.. Вирџинија е неверојатна жена, прекрасна мајка и личност кон која имам огромна почит и наклонетост. Иако не бевме официјално пар, постоеше искрена поврзаност. Не се срамам да признаам дека бев невнимателен, дека не реагирав на најдобар начин и дека ја разочарав.

Затоа сакам јавно да ѝ се извинам, искрено и од срце. Сфатив дека вистинска врска може да постои само со почит, доверба и транспарентност. Моја желба е да започнеме одново, без лаги, без расправии, без маски, туку со многу љубов, внимание и почит“, стои во објавата на Бразилецот.