
Де Брујне пред Македонија: Немаме право на нова грешка – мораме до трите бода!
По ремито во првиот меѓусебен натпревар одигран во Скопје, белгискиот состав е решен да покаже многу поубедлива игра пред своите навивачи во Гент и да ја потврди улогата на фаворит. Лидерот на тимот и ѕвезда на Наполи, Кевин де Брујне, кој во клубот настапува заедно со македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, нагласува дека селекцијата е максимално мотивирана и подготвена за реванш.
„Против Македонија во првиот натпревар не бевме на потребното ниво. Македонците одиграа паметно и заслужено освоија бод. Овојпат знаеме што ни е целта – немаме простор за грешки и мора да освоиме три бода“, изјави Де Брујне за белгиските медиуми.
Со еден бод помалку од Македонија, Белгија во овој меч гледа можност да ја преземе лидерската позиција во групата и да направи крупен чекор кон пласман на Светското првенство.
ФОТО: EPA PHOTO