
„Мора да одиграме тимски, како еден – само така ќе може да ја изненадиме Белгија!“
„Нема да имаме лесна мисија, тоа си го знаеме. Ако го нема Лукаку, има други како Опенда и Башуаји. Не се на неговото ниво, но се фудбалери од Лигата на шампионите. Мислам дека нема многу да се промени ако го нема, затоа што Белгија е квалитетна. Не играат поединци, туку игра тимот. Како тим треба да се спротивставиме на една од најдобрите селекции. Мора да бидеме на исто ниво како во Скопје и да бидеме на нивото“, изјави Муслиу.
Македонскиот дефанзивец нагласи дека Белгијците покажуваат голем респект кон Македонија и дека очекува мотивиран противник.
„Белгија си има свои математики, не знам што мислат за нас. Но тие покажаа голем респект за нашата репрезентација. Тоа автоматски значи дека и за нив е многу важен натпревар и многу сериозно не гледаат како противник,“ додаде Муслиу.
Македонија утре ќе се обиде да го изненади фаворитот на негов терен и да дојде до бодови кои би ја задржале во игра за пласман на Мундијалот 2026.