
Новото светско кошаркарско чудо има 14 години и неверојатни – 229 сантиметри (ВИДЕО)
Младиот центар летово дебитираше за канадската репрезентација до 16 години, иако е две години помлад од најголемиот дел од своите соиграчи и противници. Според податоците на ФИБА, тој е највисокиот активен кошаркар во моментов, дури и ако се спореди со ѕвездите од НБА. Гоје првпат стана вирален минатата година, кога на социјалните мрежи се појавија снимки од неговите настапи против врсници кои покрај него изгледаа како џуџиња. Тогаш, на само 13 години, веќе имаше 218 сантиметри висина!
Иако неговите родители не се особено високи – таткото има 183, а мајката 170 см – лекарите потврдија дека не се работи за гигантизам, па мистеријата за неговиот раст останува отворена.
„Кога одам по улица, сите ме гледаат. Понекогаш посакувам да сум висок 175 см, но среќен сум што можам да играм кошарка на вакво ниво“, изјави Гоје, додека неговата мајка вели дека син ѝ со насмевка ја носи целата таа внимателност што ја предизвикува.
Во моментов настапува за клубот Нобел Елит и младите селекции на Канада. Со својата неверојатна висина, Џереми забива без скок, блокира со леснотија и дури се обидува со дриблинзи и тројки. Канадските медиуми веќе го споредуваат со Зек Иди и Виктор Вембанјама, новите џинови на светската кошарка.
Канада, покрај Гоје, има уште едно „високо чудо“ – Оливие Риу (233 см), кој го држи Гинисовиот рекорд како највисок тинејџер на планетата. Ако и двајцата во иднина заиграат за сениорскиот национален тим, Канаѓаните би можеле да имаат највисок центарски тандем во историјата на кошарката.