„Македонија е сериозен противник кој тешко прима голови!“

Репрезентацијата на Македонија утре вечер во Гент ќе ѝ гостува на Белгија во клучен натпревар кој може да одлучи за лидерската позиција во групата и пласманот на Светското првенство во 2026 година, пред кој противничкиот селектор, Руди Гарсија, изјави дека неговиот тим е целосно подготвен и целта е јасна – победа.

„Македонија е сериозен противник, кој ретко прима голови и знае како да ги искористи грешките на противникот. Сè уште верувам дека успехот ќе зависи од нашата игра и поставеност на теренот,“ истакна Гарсија, нагласувајќи ја важноста од дисциплина и концентрација.

Тој додава дека атмосферата меѓу играчите е позитивна, а по убедливиот триумф во последното квалификациско коло, мотивацијата е на највисоко ниво.

„Играчите се физички и ментално подготвени. Сите знаат колку е важно да продолжиме со добрите резултати. Целта е победа и преземање контрола во групата“, додаде Гарсија.

Белгија влегува во дуелот како фаворит, но сите во нејзиниот табор се свесни за потенцијалот на Македонија да изненади.

ФОТО: EPA PHOTO