
Арапи го спасија фудбалерот на Ливерпул кој банкротираше пред три години
Овој нов ангажман за 38-годишникот доаѓа три години откако прогласи банкрот, пишува „Сан“. Гутри банкротираше откако не успеа врати 115.000 евра на негов пријател кој ги позајмил за купувње на куќа.
Парите ги позајмил од претприемачот, Крис Хит, кој никогаш не ги добил назад, дури и кога куќата била продадена, па така призна дека се чувствува изневерено.
Поранешниот фудбалер некогаш беше голема надеж на Ливерпул, но започна во школата на Манчестер јунајтед. Неговиот талент го препозна Њукасл кој го доведе во 2008 година за сума од 2.8 милиони евра и за кој одигра 100 натпревари. Но, во наредните години немаше преголем успех, па така започнаа и неговите финансиски проблеми кои кулмиираа откако се повлече.
Фото: Liverpool FC