
Полиција ќе ги следи во чекор, Албанците во Србија нема да мрднат од хотелот!
Ова е еден од најважните натпревари за двете репрезентации и кој ќе победи ќе биде многу блиску до пласман во баражот за Светското првенство. Албанија е втора со осум бода, додека Србија е на третата позиција со бод помалку, но и натпревар помалку. Дополнително, тука е политичката тензија која се создава кога играат овие две селекции.
Репрезентацијата на Албанија утре ќе пристигне во Ниш од каде што ќе се упатат за хотелот. Освен за време на тренингот и прес-конференцијата пред натпреварот, никој од албанскиот табор нема да смее да го напушти хотелот до натпреварот.
Исто така делегацијата констатно ќе биде во придружба на полицијата, највено е и поголемо обезбедување пред хотелот во кој ќе бидат сместени.
Фото: FSHF