Фудбалерот од кого Јувентус се откажа може да заврши во Интер!

Босанскиот репрезентативец, Тарик Мухаремовиќ во иднина би можел да се пресели во редовите на Интер.

Мухаремовиќ го напушти Јувентус и потпиша за Сасуоло, а тоа се покажа како добар потег, бидејќи 22-годишниот дефанзивец игра одлично во Серија А каде што е стандарден првотимец.

Со своите наастапи го привлече интересот и на други клубови, а Интер изгледа е најсериозен.

„Извесно е дека Интер ќе остане без Стефан Де Фрај и Франческо Ачерби, па клубот ќе инвестира во еден млад стопер кој има искуство, Мухаремовиќ изгледа како одлична опција“, пишува новинарот Пасквале Гара.

Во случај трансфеерот да се реализира би заработил и Јувентус затоа што при неговата преселба од Сасуоло договори клаузула со право на 50% од неговата следна продажба.

Фото: Juventus FC