Звезда го избрка Сферопулос: Ова е најдобрата одлука за клубот

Црвена Звезда и официјално потврди дека Јанис Сферопулос повеќе не е тренер на „црвено-белите“ откако тимот имаше слаб старт н сезоната.

Сезоната Звезда ја започна со  порази од Олимпија Милано, Задар и Баерн Минхен, па тоа беше доволно по само три кола да дојде до смена на тренерската позиција.

„По заеднички состанок на претседателот на клубот Жељко Дрчелиќ, генералниот менаџер за спортскиот сектор Милан Томиќ, менаџментот на клубот и досегашнот ренер Јанис Сферопулос, донесена е одлука господинот Сферопулос повеќе да не ја извршува функцијата тренер на првиот тим на нашиот клуб. Сите страни заклучија дека во овој момент таквиот потег е најдобра опција за Црвена Звезда“, стои во сопопштението.

Следниот натпревар Црвена звезда ќе го одигра веќе во петок од 19:45 часот против Фенербахче, актуелниот шампион на Европа, во Истанбул. Засега нема потврда кој ќе биде неговиот наследник, меѓутоа се шпекулира со името на Саша Обрадовиќ.