Трајковски: Белгија ќе има поголема почит кон нас!

Македонската фудбалска репрезентација утре ѝ гостува на Белгија во Гент во квалификациите за Светското првенство (СП), а напаѓачот Александар Трајковски ги сподели неговите очекувања од мечот.

Трајковски смета дека Белгија овој пат ќе покаже поглема почит кон Македонија поради играта од првиот меѓусебен дуел.

„Мислам дека доволно знаат со каква селекција треба да играат. Тоа го докажавме и во Македонија. Мислам дека ќе имаат поголема почит кон нас. Притисокот е врз нив, додека ние секој натпревар го играме исто и се подготвуваме на ист начин. Сепак, мислам дека ова ќе биде добар натпревар и нема да им биде лесно ниту на нив. Како тече циклусот, така се зголемува и притисокот, но мора да одиграме како што знаеме за да стигнеме до добар резултат. Белгија е силна селекција, произведува добри играчи и затоа се наоѓа таму каде што е“, кажа Трајковски.

Натпреварот меѓу Белгија и Македонија се игра в петок од 20.45 часот во Гент.