Србинот кого го славеа како херој во Шпанија доби срамен отказ!

Toчно 110 дена откако по 24 години го врати Овиедо во Ла Лига, српскиот тренер Вељко Пауновиќ доби отказ.

Одлуката стигна само по осум одиграни кола во новата сезона во која тимот врза две победи и шест порази. Медиумите во Шпанија пишуваат дека Пауновиќ отказот го добил неколку минути пред закажаниот денешен тренинг, без претходно да биде информиран.

Со тоа тој стана првиот тренер кој доби отказ во актуелната сезона. Заедно со Пауновиќ клубот го напуштаат и неговите соработници. Засега не е познато кој ќе биде новиот предводник на шпанскиот состав.