Вашеро е сензација во Шангај - елиминира уште еден фаворит!

Валентин Вашеро е вистинска сензација на мастерс-турнирот во Шангај, откако го елиминира Холгер Руне со 2-1 во сетови и се пласира во полуфинале.

Руне тргна фуриозно во мечот и го доби првиот сет со 6-2, по што многумина помислија дека тоа е крајот на Вашеро, но тенисерот од Монако успеа во следниот да слави со 7-6 во тај-брејк.

Вашеро беше уште подобар во третиот сет и славеше со 6-4, со што си обезбеди полуфинале, каде што ќе игра против победникот од дуелот меѓу Бергс и Ѓоковиќ.

Фото: EPA