Албански водител ќе се соблече гол ако неговите ја победат Србија во Лесковац!

Поранешниот фудбалски судија со лиценца на ФИФА, а сега телевизиски водител во Тирана, Лоренцо Џемини, предизвика бурни реакции во регионот со својата необична најава дека ќе се соблече во живо во студио доколку Албанија ја победи Србија.

Овој меч од квалификациите за СП 2026 ќе се одигра задутре (сабота) во Лесковац.

„Се надевам дека тоа ќе биде најубавиот ден за нашиот тим. Сакам победа со 1-0, не повеќе. Ќе биде тешко, но зборувам како навивач – посакувам успех. Ако заврши така, ќе се соблечам гол. Ако победиме со поголема разлика, можеби ќе се соблечам скроз“, изјави Џемини.

Тој има емисија на албанска телевизија заедно со поранешната манекенка и новинарка Франческа Рустеми, која е позната по својата поддршка за албанската репрезентација, но за разлика од својот колега, избегнува провокативни изјави. Џемини, пак, често во своето шоу поканува атрактивни колешки и создава контроверзна атмосфера.

Изјавата на водителот доаѓа во време кога во Албанија владее огромна еуфорија пред натпреварот против Србија, додека во српскиот табор состојбата е многу помирна. Сепак, медиумите во Србија предупредуваат дека треба да се внимава на можни провокации, потсетувајќи на инцидентот од 2014 година во Белград, кога беше прекинат натпреварот поради дрон со знаме на УЧК.

Во последните денови, повеќе јавни личности од Албанија излегоа со спорни изјави – меѓу нив и ријалити ѕвездата Ѓулијана Нура, која најави доаѓање во Лесковац со знаме на УЧК, како и Исмаил Морина, човекот кој беше иницијатор на инцидентот во Белград пред 11 години. Дополнителна тензија создаде и новинарот Арлинд Садику, кому му беше забранет влез во Србија поради навреди кон српските фудбалери и навивачи.

Во групата К моментално води Англија со 15 бодови, следат Албанија со 8, Србија со 7 (и натпревар помалку), Летонија со 4, додека Андора е последна без бодови. Само првопласираниот обезбедува директен пласман на Мундијалот, а второпласираниот оди во бараж.