Винисиус го пречека кошмар - му се запалил домот! (ФОТО)

Пожар предизвикан од електрична инсталација го зафати домот на фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.

„Марка“ објави дека изгорел плафонот од суната во подрумот, а повик за помош до надлежните служби пристигнал денеска околу 11.00 часот.

Фудбалерот во моментот на пожарот не бил во својот дом, но за среќа брзата интервенција на пожарникарите спречила поголема материјална штета.