
Се подготвувал хаос во Лесковац: Уапсен маж од Албанија со комбе полно со УЧК-маички!
Припадниците на министерството за внатрешни работи, во соработка со Царинската управа на Србија, го уапсиле Албанецот кој сакал да внесе полно комбе со маички, капи, дуксери кои ги имале симболите на УЧК.
„Пронајдените предмети биле планирани да се користат и да бидат истакнати на мечот против Србија во Лесковац“, објавија српските власти.
Натпреварот меѓу Србија и Албанија се игра в сабота од 20.45 часот.