Трагедија во Аргентина: Почина тренерот на Бока Јуниорс!

Oд аргентинскиот фудбал пристигнува тажна вест, почина Мигел Анхел Русо, актуелниот тренер на Бока Јуниорс и еден од најценетите фудбалски стратези во Јужна Америка.

Русо почина на 69-годишна возраст по тешка борба со канцерот. Зад себе остави импресвна кариера долга повеќе од половина век која ја посвети исклучиво на фудбалот, прво како фудбалер, а потоа и како тренер. 

Во текот на кариерата освои седум големи трофеи меѓу кои посебно се издвојува трофејот во Копа Либертадорес од 2007 година кој е последен во ова натпреварување кој Бока го освои до денес. Покрај Бока беше тренер уште на: Ланус, Естудијантес и Росарио Централ.

На клупата на Бока по третпат се врати во јуни оваа годна за да го води тимот на Светското клупско првенство, беше активен се до септември кога мораше да се повлече поради влошеното здравје.

Фото: BOCA