
Teнисерите бесни поради пеколот во Шангај: Сакате ли некој да умре?!
Првиот и вториот светски рекет не се појавија, Алкараз одлучи да одмори по триумфот во Токиот, додека Синер е повреден.
Главен проблем во Шангај се временските услови. Според информациите на „АС“ температурите одат и над 30 степени, тука е и големата влажност на возудхот што дополнително ги прави потешки уловите.
Дека е тешко да се игра призна и Ѓоковиќ, кој и самиот имаше проблеми во своите мечеви.
„Не се сеќавам кога последен пат сум играл во ваква влажност. Условите се подеднакви за сите, но тешко е да се игра, влажноста секојдневно е 80%, посебно во утринските часови“, истакна српскиот тенисер.
Чекор подалеку во критиките отиде Данецот Холгер Руне.
„Сакате ли некој да умре во текот на мечот? Сметам дека на вакви турнири треба да постои правило против високи температури, како што е случај на грен-слемовите. Можеме да поднесеме топло време бидејќи сме спортисти и мораме да сме подготвени, но одредени граници мора да има“, порача данскиот тенисер.
Фото: Rolex Shanghai Masters