Стојаноски: Пелистер е во криза, но тука сме да помогнеме

Во текот на вчерашниот ден Пелистер го назначи, Милан Стојаноски за нов тренер на тимот кој пристигна како наследник на Димитар Капинковски, а Стојаноски сега ја даде и првата изјава.

Стојаноски е свесен дека пристигнува во Пелистер кога тимот е во криза, но верува дека ќе донесе подобри резултати.

„Мило ми е што се вратив во македонскиот фудбал, пред се во Битола, би сакал да ги поздравам сите навивачи. Пелистер во овој момент е во мала криза, но тука сме да се обидеме да ја поправиме ситуацијата. Се надевам дека ќе биде се во ред, ја имаме оваа репрезентативн пауза, па тоа ни дава за право да се надеваме дека ќе работиме добро во неделата која ќе следи. Уште еднаш ги поздравувам навивачите кои верувам дека ќе бидат наш 12-ти играч“, изјави Стојаноски.

Во овој момент по девет одиграни кола, Пелистер е на 10-тата позиција со седум бода, па главната цел на Стојаноски ќе биде да избегне испаѓање.