Протестите во Чикаго ја испратија Аргентина во домот на Меси

Пријателскиот натпревар помеѓу Аргентина и Порторико во САД е преместен од Чикаго во Мајами поради безбедносни причии.

Натпреварот првично беше закажан за понеделеник на стадионот во Чикаго „Солидер Филд“, но сега ќе се одигра еден ден подоцна на „Хард Рок“, домот на Интер Мајами.

Според пишувањето на медиумите, локацијата била променета поради протестите во Чикаго поради американската имиграциска политика и тоа го отежнува организирањето на натпреварот.

Светските шампиони кои веќе го обезбедија своето место на Мундијалот во САД ќе одиграат пријателски натпревар и со Венецуела во петок, исто така во Мајами.

Фото: AFA - Selección Argentina