Африканска држава од 600.000 жители е пред пласман Мундијал!

Репрезентацијата на Зеленортски Острови би можела да испише историја во последното коло од африканските квалификации и да се пласира на едно Светско првенство.

Во претпоследното коло вчера, оваа репрезентација ремизираше 3-3 против домаќинот Либија, додека Камерун на гости го совлада Маурициус. Со тоа Зеленортски Острови останаа првопласирани во групата со два бода предност во однос на Камерунците.

И понатаму оваа островска земја со 600.000 жители има се во свои раце и со победа во последното коло ќе го обезбедат настапот на Мундијалот во САД наредната година..

Нивни противник ќе биде последнопласираната репрезентација во групата, Есвантини која во девет натпревари не победи никого, трипати ремизираа и во шест натпревари беа поразени, Камерун пак игра со четвропласираната Ангола.

Фото: Federação Cabo-verdiana de Futebol