Откриено кога ќе биде објавена пресудата која ја чека цела Англија

„Судењето на векот“ против Манчестер сити наскоро би требало да заврши, пренесуваат островските медуми.

Според информациите кои ги објави „Индепендент“ во текот на наредниот месец ќе биде објавена конечната пресуда, а како што е веќе познато против Манчестер сити има 115 обвиненија.

Неодамна „граѓаните“ и Премиер лигата постигнаа договор околу спорот со новите правила за спонорски договори, но таа спогодба не е поврзана со ова судење.

„Оваа спогодба означува крај на спорот меѓу страните околу AПТ равилата. Како дел од договорот, Манчестер сити прифаќа дека сегашните AПТ правила се валидни и обврзувачки“, стоеше во соопштението кое го објавија двете страни.

Ќе потсетиме, кога обвинувањта се појавија во јавноста за Манчестер сити се најавуваа драконски казни со одземање на бодови, па дури и исфрлање во понизок ранг.