Пролет со гол на седум секунди пред крајот обезбеди бод против Бутел

Ракометарите на Бутел одиграа нерешено против Пролет (22-22) во шестото коло од македонската Суперлига.

Двете екипи понудија одличен ракомет во првото полувреме, а Бутел на паузата замина со водство од еден гол (12-11).

Израмнета игра следеше и во вториот дел, а Бутел влезе во завршницата со еден гол предност, но Пролет на седум секунди пред крајот стрелаше за конечни 22-22.

Најефикасен кај Бутел беше Филип Николов со седум голови, додека Андреј Стојановски запиша четири погодоци за Пролет.

Фото: www.rkprolet.mk