Возач на автобус во дрес на Ливерпул предизвикал хаос, па веднаш добил отказ

Извесен, Исак возач на автобус од јужен Лондон добил отказ од фирмата во која работел откако направил хаос појавувајќи се со дрес од Ливерпул пред стадионот на Челси и тоа по дербито минатиот викенд.

Имено, непосредно по дербито Исак го возел автобусот како и секој ден, а токму тој ден добил рута која минувала покрај стадионот.

Кога навивачи на Челси го забележале со дрес на Ливерпул, веднаш почнале да го навредуваат и да удираат по прозорците од автобусот. Фирмата експресно реагирала и веднаш го отпуштила.

За инцидентот тој зборуваше и во медиумите на Островот појавувајќи се на телевизијата „ТалкТВ“ и тоа во истиот дрес.

Според неговите зборови немал никаква намера да предизвика проблеми.

„Се разбудив утрото да ја одработам својата смена, не знаеме секогаш по која рута ќе возиме. Првото нешто што ми беше чисто беше дресот на Ливерпул. Подоцна дознав дека ќе треба да поминам пред стадионот на Челси, дури тогаш ми беше јасно дека ќе имам проблем“, објасни Исак.