Жестоки критики за Пикси: Кој ќе оди на натпреварот е идиот!

Фудбалскиот сојуз на Србија донесе одлука да не пушти во слободна продажба влезници за натпреварот против Албанија кој се игра во Лесковац, а оваа одлука предизвика незадоволството и реакции помеѓу навивачите.

Критики за ваквата одлука искажа и познатиот водител Иван Ивановиќ. Водителот жестоко ја критикуваше власта, но и Пикси за кого смета дека ги одработува нивните задачи.

„Некаа престане да глуми и нека каже дали некогаш во историјата репрезентацијата играла без продажба на влезници. Играш за политичарите беднику, не за нарадот. Секој ќе оди на натпревар додека оваа претстава трае е идиот. ФСС треба јавно да е извини на сите граѓани на Србија“, објави Ивановиќ.

Инаку, Ивановиќ не е единствен кој смета дека натпреварот во Лесковац ќе биде политички собир на избраниците, па сите тие испраќаат критики пред дуелот кој е закажан за сабота од 20:45 часот.