Поранешен ракометар на Вардар загина додека правел бомба во Белград!

Македонецот Мартин Сипковски е лицето кое загинало во експлозијата на бомба во Белград на улицата Косовка на 1 октомври, неколку метри од зградата на Народното собрание.

Сипковски е поранешен ракометар на Вардар за кого настапуваше во млдинските категории, а во последните години беше дел од светот на модата.

Според информациите на српските медиуми, Сипковски настрадал поради нестручно ракување со експлозивната направа која требало да биде употребена за убиство на наркодилер.

Од силната експлозија станот на поранешниот ракометар бил целосно уништен, но исто така биле оштетени и уште два стана кои покрај неговиот.