Фудбалската репрезентација на Македонија ги започна подготовките за продолжувањето на квалификациите за Светското првенство, а пред избраниците  на Благоја Милевски се два натпревари против Белгија и Казахстан.

Прво ќе се соочиме со Белгија на 10 октомври, додека три дена подоцна ќе го пречекаме Казахстан. Maкедонија во овие натпревари влегува како лидер во групата со 11 бодови, еден повеќе од Белгија и Велс, но Белгијците имаат и натпревар помалку. Последни во групата се Казахстан со три и Лихтенштајн е без бодови.