Арсенал наскоро би можел да се пресели на „Вембли“

Aрсенал според последите информации започнал интерни разговори за проширување на капацитетот на стадионот, објави „Би-Би-Си“.

Како што се наведува, разговорите се во рана фаза и засега не постои ниту прецизен план како би одело прошувањето, но една од можностите е Арсенал во текот на работата на стадионот да се пресели на „Вембли“.

Следната година ќе бидат точно 20 години од кога Арсенал, „Хајбери“ го замени со „Емирати“ и клубот сака да да го промени распоредот на постоечките места за да добие дополнителни неколку илјади места на стадионот.

„Емирати“ има капацитет од 60.704 места и тој е петти стадион по големина во Англија.

Фото: Аrsenal FC