УФЦ го суспендираше Мекгрегор!

Конор Мекгрегор прифати суспензија од 18 месеци од антидопинг програмата на УФЦ поради три прекршувања на правилата.

Прекршоците се случиле кон средината и крајот на 2024 година, а суспензијата е објавена 13 месеци по последниот од тие прекршоци. Тоа значи дека Ирецот ќе може повторно да се натпреварува во УФЦ на 20 март 2026 година, три месеци пред закажаниот спектакл во Белата куќа.

Познати се и датумите кога се случиле прекршоците: 13 септември, 19 јуни и 20 јуни во 2024 година. Датумот 13 септември се поклопува со денот кога извршниот директор на УФЦ, Дајна Вајт објави дека закажаниот меч на Мекгрегор против Мајкл Чандлер кој требаше да се случи на УФЦ 303 настанот се откажува.

Фото: thenotoriousmma/Instagram