Миовски: Дуелите со Белгија и Казахстан се едни од најважните во поновата историја на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација во следниот период ќе одигра два натпревари во квалификациите за Светското првенство (СП) против Белгија и Казахстан.

Напаѓачот на македонската селекција, Бојан Миовски вели дека ова се едни од најважните натпревари во поновата историја на репрезентацијата.

„Знаеме против каква репрезентација играме. Веќе сме во последната фаза на квалификациите, а досега покажавме дека знаеме да играме фудбал и затоа се наоѓаме во ваква ситуација. Први сме моментално во групата, имаме гол разлика единаесет - два. Ако некој нè запрашал претходно дали сакаме да се најдеме во ваква ситуација пред квалификациите, нормално дека бевме задоволни, но работата се уште не е завршена. Знаеме дека не само овој, туку и последните два натпревари против Казахстан и против Велс се едни од најважните во поновата репрезентативна историја“, вели Миовски.

Миовски е свесен за тоа каков ривал е Белгија, но посочи дека ќе го дадат максимумот на теренот за да извлечат позитивен резултат.

„Првиот натпревар е против Белгија, а знаеме против каков противник играме. Свесни сме за нивните силни, но и слаби страни. Имаме доста поддршка од навивачите, знаеме дека ќе бидат во голем број, така што мислам дека ќе гледаат одличен фудбал. Белгија е одлична репрезентација, каде што 90 отсто од играчите играат во топ петте лиги. Но ние играме како тим, го докажавме тоа“, кажа македонскиот напаѓач.

Македонија првиот дуел го игра пртоив Белгија во Гент на 10 октомври, а три дена подоцна го пречекува Казахстан во Скопје.

Standings provided by Sofascore

Фото: ФФМ