
Луда асистенција на Јокиќ, реакцијата на публиката кажува сѐ! (ВИДЕО)
Јокиќ минатата сезона имаше трипл-дабл просек, 29,6 поени, 12,7 скокови и 10,2 асистенции, но тоа не беше доволно да ја добие МВП наградата. Сепак тој влегува максимално мотивиран за новата сезона.
Против Торонто одигра 20 минути без промашување од игра (5/5) и 7/9 од слободни фрлања. Мечот го заврши со 17 поени, шест асистенции и пет скокови.
Имаше две одлични асистенции кои привлекоа внимание, особено првата која изнуди воздишки кај публиката.
Еве ја и втората која админот на Денвер ја нарече „поезија“.