Премиерлигаш го сака Ендрик во јануари!

Бразилскиот напаѓач, Ендрик дојде како мега засилување во Реал Мадрид, но се помалку добива шанса, досега не одиграл ниту една минута на официјален меч под водство на Чаби Алонсо.

Реал Мадрид не сака да се откаже од Ендрик, но во овој момент во тимот нема место за него, па сериозно се разгледува опцијата за позајмица.

Информациите велат дека Вест Хем сака да го позајми Ендрик во јануари. Бразилецот може да заигра во Англија, но има опции да остане и во Шпанија.

Покрај Вест Хем, интерес за него има и од Валенсија и Реал Сосиедад.