„Барселона може да загуби од било кого – немаат никакви шанси да ја освојат ЛШ!“

Легендарниот германски фудбалер и поранешен член на Реал Мадрид, Тони Крос, предупреди дека стилот на игра на Барселона под водство на тренерот Ханси Флик би можел да ја чини клубот успех во Лигата на шампионите.

Тој, во својот подкаст, ја пофали атрактивноста на каталонскиот тим, но нагласи дека токму тој офанзивен пристап носи голем ризик.

„Барселона игра најатрактивен фудбал во Европа, можеби и најубав за гледање, но мислам дека премногу ризикуваат. Кога Педри, Ламине Јамал или Рафиња немаат свој ден, скоро секој противник може да ги совлада“, изјави Крос.

Според него, токму таа тактика го ограничува тимот во европските натпреварувања.

„Може да бидат елиминирани од Лигата на шампионите – тоа веќе им се случи минатата сезона против Интер. Убеден сум дека и оваа година, без разлика дали ќе биде во осминафинале, четвртфинале или финале, ќе налетаат на противник кој ќе ги извади. Во шпанската лига се доминантни, но во Европа тоа не е доволно“, нагласи Германецот.

Крос посочи и на проблемот со физичката подготвеност во завршниците на натпреварите.

„По 75-та минута се гледа дека играчите се исцрпени, а стилот на игра останува ист. Не го менуваат начинот на кој го затвораат просторот. Ако си уморен и не ја приспособиш тактиката, многу брзо станува јасно во колкав проблем си“, додаде тој.

ФОТО: EPA PHOTO