
Ужасно: Американски кошаркар пред смртна казна поради - гумени бонбони со канабис!
Поранешниот играч на Универзиетите Оклахома стејт и Јута стејт беше уапсен во мај во Џакарта, откако примил пакет со 132 гумени бонбони што содржеле марихуана. По апсењето, неговиот клуб Тангаранг хокс го суспендираше, а Индонезиската кошаркарска лига му изрече доживотна забрана за настап. Шо, кој претходно играл и во Мексико, Уругвај, Аргентина и Индонезија, тврди дека канабисот го користел исклучиво во медицински цели.
„Боледувам од Кронова болест – хронично и неизлечиво заболување. Единствено канабисот ми ги ублажува болките во стомакот. Никогаш не сум го користел за забава или дрогирање“, изјавил Шо од затворот во предградието на Џакарта.
Бонбоните, наводно, ги нарачал од странство за околу 400 долари со цел да ги ублажи симптомите на болеста. Сепак, индонезиските власти го обвинија за незаконит увоз на дрога – дело што во земјата може да резултира со доживотен затвор или смртна казна.
„Направив глупава грешка, а сега ми велат дека ќе го поминам остатокот од животот зад решетки поради неколку гумени бонбони. Не сум дилер, ниту сум ги продавал – беа за лична употреба“, објаснува кошаркарот.
Шо тврди дека е неправедно обвинет за поседување речиси еден килограм дрога, иако, според него, вистинската тежина на запленетите бонбони била далеку помала. Додека го чека судењето, поранешниот кошаркар се обидува да собере средства за одбраната. И покрај ситуацијата, тој не се откажува од желбата повторно да се врати на теренот:
„Имам 35 години, но се чувствувам млад. Сонував да играм кошарка – тоа ме држи да продолжам понатаму“, вели Шо.