
Против Ерменија и Црна Гора по прва победа, младите фудбалери ги почнаа подготовките
Во Битола на стадионот „Петар Милошевски“, младите фудбалери во рамките од третото коло ќе ја пречекаат Ерменија, додека на 14 окотмври ќе гостуваме на Црна Гора во Тузи.
„Не очекуваат два тешки натпревари против Ерменија и Црна Гора. Максимално сме фокусирани и подготвени за претстојните предизвици. Се надевам дека ќе ги исполниме сите барања на селекторот и стручниот штаб и ќе оствариме позитивен резултат. На претходните два квалификациски меча, и покрај поразите, мислам дека не одигравме лошо. Имавме добри моменти и создадовме неколку сериозни прилики за погодок, но ни недостигаше повеќе концентрација во завршницата. Свесни сме каде погрешивме и верувам дека ќе ги поправиме грешките на следните натпревари“, изјави пред овој натпревар фудбалерот од средниот ред, Теодор Николовски.
Македонија во овие два натпревари ќе ги бара и првите бодови по поразите од Полска и Италија во првите две кола.
„Очекувам да го дадеме максимумот на овие два натпревари и по двата порази да ја оствариме првата победа на домашен терен против селекцијата на Ерменија. Поразите од Полска и Италија беа големо искуство од кое извлековме важни поуки. Головите што ги примивме беа резултат на наши грешки. Одиме натпревар по натпревар и сакаме да освоиме што е можно повеќе бодови. Атмосферата во репрезентацијата е одлична, работиме напорно и на високо ниво заедно со целиот стручен штаб“, истакна фудбалерот на Бреера, Кире Стојанов.
Натпреварот против Ерменија го играме во терминот од 17:00 часот.