Ѓоковиќ преживеа драма - падна на теренот, мораа да интервенираат и доктори (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ преживеа драма и славеше во осминафиналето на турнирот во Шангај со 2-1 во сетови против Мунар.

Ѓоковиќ за време на дуелот имаше проблеми со дишењето, се жалеше на повреда на зглобот на левата нога, а докторите мораа да интевенираат повеќе пати.

Најдраматично беше во вториот сет, кога Ѓоковиќ загуби важен поен по што падна на теренот, а потоа мораа да интервенираат докторите.