Леброн денеска ги разочара дури и малиот број што сметаат дека е - најдобар на сите времиња!

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Леброн Џејмс имаше драматично обраќање и најави дека денеска, на 7 октомври, ќе ја соопшти „одлуката на сите одлуки“, за која многумина сметаат дека е најава за пензија, но „кралот“ имал поинакви планови.

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс очигледно не планира да се пензионира, а тоа го потврди денеска откако објави дека „одлуката“ била всушност реклама за алкохолен пијалок.

Ова дефинитивно предизвика големо разочарување кај дел од неговите навивачи, кои очекуваа сериозна одлуката за неговата кариера, со оглед на тоа дека имаше драматично обраќање, но „кралот“ најверојатно на таков начин сакаше само да привлече поголемо медиумско внимание пред направи реклама.

Фото: Los Angeles Lakers