„Бомба“ од НБА: Леброн ја најави „одлуката на сите одлуки“! (ВИДЕО)

Еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс предизвика големо внимание со својата објава на социјалните мрежи, а многумина сметаат дека е најава за датумот кога ќе објави повлекување.

Во период кога се водат шпекулации за неговата иднина, Леброн на социјалните мрежи кратко најави.

„Одлуката на сите одлуки. 7 октомври 12 часот“, стои во неговат објава на социјалните мрежи.  Но, истата ја дополни и со хаштагот „втора одлука“.

Медиумите уште веднаш потсетија на неговата објава во 2010 година кога непосредно пред заминувањето од Кливленд имаше слична објава, тогаш објави само уште пократко „Одлука“, па со оглед дека ова е поголема најава, многумина се убедени дека „кралот“ ќе објави дека сезоната која следи е негов последна во кариерата.

Ќе потсетиме, минатата сезона за Леброн беше 22. во неговата кариера во НБА лигата и во неа го водеше Лејкерс до плеј-офот.

Фото: Los Angeles Lakers