Миовски преживеал драма: Навивачите им го заробиле автобусот, па се тепале со полицијата! (ФОТО+ВИДЕО)

Фудбалерите на Глазгов Ренџерс имаа непријатна епизода по вчерашниот натпревар против Фалкирк на кој, иако големи фаворити, не успеаја да дојдат до победа.

Мечот заврши нерешено (1-1) и тоа ја прели чашата кај навивачите на трофејниот клуб кои им приредија шок на фудбалерите. Прво го окупираа автобусот со кој тие требаше да си заминат од стадионот, а потоа влегоа во конфликт со полицијата која се обидуваше мирно да ги спроведе играчите и стручниот штаб во возилото. 

Еден од навивачите дури влегол во автобусот во обид да го запре и да не му дозволи на возачот воопшто да тргне. Менаџерот Расел Мартин воопшто не беше со своите фудбалери бидејќи поради закани од навивачите, побарал со посебно возило да биде префрлен дома.

По седум одиграни кола, тимот на Ренџерс се наоѓа на осмата позиција на табелата во шкотската Премиер лига со осум бода, 11 помалку од лидерот Хартс.

Целата ситуација пред стадионот на Фалкирк можете да ја видите ТУКА.