
Потпретседателот на ЕХФ уапсен во Црна Гора
По сослушувањето во СДО, на Бошковиќ му е одреден притвор од 72 часа. Специјалното обвинителство го сомничи за создавање криминална организација, наводно како дел од истрагата што Обвинителството ја води против бизнисменот Александар Мијајловиќ, кој беше уапсен на 3 октомври. Покрај Мијаловиќ, по наредба на СДО беа уапсени и тројца функционери на поранешната јавна и тајна полиција, Драго Спичановиќ, Милован Павиќевиќ и Владан Лазовиќ, како и вишата државна обвинителка Александра Настиќ.
Бошковиќ е долгогодишен функционер во црногорскиот ракомет, а од 2016 година е потпретседател на ЕХФ.