Сензација: 204. тенисер во светот стигна до четвртфинале во Шангај

Валентин Вашеро од Монако, кој во моментов е на 204. место на АТП-листата, направи ново големо изненадување против Талон Грикспор и се пласира во четвртфинале на турнирот во Шангај.

Тенисерот пристигна како аутсајдер на мастерсот во Шангај, меѓутоа стана вистинска сензација и денеска со 4-6, 7-6 и 6-4 го елиминира Грикспор за да закаже четвртфинале.

Во борба за полуфинале го чека уште потежок испит, односно ќе се соочи против Холгер Руне.

Фото: EPA