
Капело: Дербито меѓу Јувентус и Милан беше здодевно!
Јувентус беше поконкретен во првото полувреме, додека Милан притисна во завршницата, а Кристијан Пулишиќ промаши и пенал, но тоа не го воодушевило Капело.
„Квалитетот на фудбал во Италија е мизерен. Нема врвни фудбалери. Болоња против Пиза славеше со 4-0, но тоа е исклучок. Леао можеше да постигне два одлични гола. Првото полувреме беше здодевно, никој немаше храброст да ризикува“, вели Капело.