Легенда на Барселона на крајот на сезоната оди во пензија!

Легендарниот шпански дефанзивец Жорди Алба официјално објави дека ќе стави крај на својата професионална фудбалска кариера по завршувањето на актуелната сезона во МЛС-лигата.

Алба, кој моментално настапува за Интер Мајами заедно со своите поранешни соиграчи Лионел Меси и Серхио Бускетс, одлучи дека оваа сезона ќе биде последна за него на теренот. Иако имаше важечки договор со клубот до 2027 година, тој реши порано да се повлече од активниот фудбал.

Кариерата на Жорди Алба е богата со трофеи и признанија. Со Барселона освои шест титули во Ла Лига, пет Купови на кралот и една Лига на шампиони.

Фото: EPA