Ѓоковиќ по епска битка обезбеди четвртфинале во Шангај и урна рекорд на Федерер!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ славеше против Мунар со 2-1 во сетови и се пласира во четвртфинале на мастерсот во Шангај, а притоа урна рекорд на легендарниот Роџер Федерер.

Србинот по голема борба успеа да слави со 6-3, 5-7 и 6-2 со што обезбеди пласман меѓу најдобрите осум тенисери на турнирот, а притоа стана највозрасен играч кој ќе игра на АТП 1000 Мастерс.

Ѓоковиќ успеа да стигне до четвртфинале во Шангај на 38 години и 133 денови, додека претходниот рекорд го држеше Федерер со 38 години и 60 денови.

Фото: EPA